Кинеските власти ги повикаа своите граѓани да се однесуваат цивилизирано во другите земји.
Ваквиот повик следува откако кинески тинејџер ја уништи сликата во еден храм во Египет и да обрнат внимание на плукањето, фрлање ѓубре, преминување надвор од пешачкиот премин и да не влегуваат никаде преку ред.
Кинеската Влада исто така, побара од своите граѓани да не ги уништуваат културните добра на другите земји. Правилата на однесување кои се објавени на сајтот на кинеската Влада исто така не дозволуваат чкртање или врежување на натписи на древни артефакти, како ни допирање или качување на нив“.
Фотографии може да се направат само доколку локалните правила дозволуваат фотографирање.
Меѓу правилата кои се однесуваат на кинеските туристи се уште и: одржување на чиста средина, почитување на јавниот ред, чување на екологијата, јавната инфраструктура, почитување на правата на другите, љубезно однесување кон останатите.