Косовскиот премиер Беџет Пацоли во изминатата година ја удвоил својата финансиска состојба, при што од моментот на назначувањето на функцијата заработил 130 милиони евра, објави приштинскиот весник „Зери“.
Според даночната декларација на Пацоли, неговата финансиска состојба изнесува 350 милиони евра, што го става на чело на списокот на најбогатите политичари во Косово, додава весникот.
Беџет Пацоли е еден од највлијателните луѓе на Косово. Тој своето богатство го должи на градежната фирма „Мабетекс“, која реновирала многу владини згради во Италија, Германија, Саудиска Арабија, Русија, Кувајт, Турција, Аргентина, на Карибите, во Казахстан и во Кина. Сопственик е на синџирот бензиски пумпи ОМВ (OMV).
Пацоли е лидер на партијата Алијанса за ново Косово.