Нов роман во издание на „Македонска реч“

Од:

Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје неодамна го објави романот „Комо“ на српскиот писател Срѓан Валјаревиќ, во рамките на едицијата „Сто словенски романи“. Оваа едиција е проект на Форумот на словенските култури.

Република Македонија е меѓу најактивните реализатори на оваа едиција и овој роман е седми по ред од словенските литератури, објавен на македонски јазик. Преводот од српски јазик е на Ленче Тосева. Објавувањето на книгата е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.

„Комо“ (2006) на Срѓан Валјаревиќ е еден од најбележитите српски романи во првата деценија. За романот авторот доби неколку награди, меѓу кои и наградата во Франција Prix des lecteurs du Var за 2011 година. „Комо“ е објавен во девет изданија на српски јазик и е преведен на неколку јазици – француски, германски, англиски, италијански, словенечки, бугарски, албански, шпански и шведски.

Срѓан Валјаревиќ (1967) ги објавил: книгата поезија „Џо Фрејзер и 49+24 песни“, прозната книга „Зимски дневник“ и романите „Лист на корката леб“, „Луѓе на маса“, „Дневник на друга зима“ и „Комо“. „Дневник на друга зима“ (2005) беше вклучен во десетте најдобри романи во Југоисточна Европа, а беше награден и со српски книжевни награди. Прозата и поезијата на Валјаревиќ се преведувани на десетина јазици.

Успехот на неговата проза критиката го поврзува со стилот и пристапот во раскажувањето – Валјаревиќ раскажува меланхолично и интимно, со искрена непосредност со која ги освојува читателите и најчесто на исти теми: за осаменоста, егзистенцијата, скромноста, интимните ужаси и успеси.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска