Јужнокорејската компанија Самсунг денеска претстави два модели Галакси Таб 3 со 8 и 10,1 инчни екрани, кои од овој месец ќе бидат достапни низ целиот свет.
Самсунг Галакси Таб од 8 и 10,1 инчи работат на Андроид 4.2 платформа со Дуал Кор процесори од 1,5 и 1,6 Гигахерци и примарни камери од пет, односно три мегапиксели, се наведува во соопштението на компанијата.
Двата модели имаат и секундарни камери од 1,3 мегапиксели и располагаат со внатрешна меморија од 16 до 32 гигабајти. Исто така, овозможено е користење микроСД картички до 64 ГБ меморија.
Моделот од осум инчи поседува РАМ меморија од 1,5 ГБ, додека моделот со десет инли еден гигабајт РАМ меморија.
Самсунг Таб 3 моделите поседуваат Sound Alive и Dolby Surround Effect, како и С Транслејтор, што нуди моментален превод преку препознавање на гласот во однос говор-текст и текст-говор, што овозможува полесна комуникација при патување во странство.