Шведската телекомуникаиска компанија „Ериксон“ предвидува дека бројката на претплатници на т.н. паметни телефони ќе се зголеми на 4,5 милијарди до крајот на 2018 година.
Минатата година бројката на регистрирани претплати на смртфони во светот изнесуваше 1,2 милијарди.
„Ериксон“ констатира дека моментно најбрзо расте употребата на интернет-видеото во мобилниот широкопојасен интернет. Се очекува сообраќајот да расте за 60 отсто годишно до крајот на 2018 година.
Во мобилниот широкопојасен интернет е забележано двојно зголемување на дигиталниот сообраќај во периодот меѓу првото тримесечје во 2012 година и истиот период годинава, но се очекува 12 пати поголем пораст до 2018 година, јави Шведската телевизија СВТ.