Поради обилните дождови нивото на водата на реката Дунав во германскиот град Пасау достигна до 9,3 метри и продолжува да расте со брзина од 20 километри на час.
Надојдената вода ги поплави централните градски улици и подрумите на зградите во Пасау.
– Максималното ниво на Дунав во Пасау изнесува 10,81 метри. Можно е рекордот да биде соборен и последиците се катастрофални, предупреди Доминик Јунг од Германската метеоролошка служба.
Критична е состојбата со надојдените води и во други делови на германската провинција Баварија.
Поројниот дожд изминатите денови го крена нивото на реките во Чешка и поради опасност од поплави е прогласена вонредна состојба во 45 региони. И во Прага поради надојдените води во реката Волтава околу пладне е најавен трет степен на загрозување и можно разлевање на реката на брегот и околината.