Американската актерка Џесика Алба на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од нејзината баба Изабела Мартинез од младоста и покажа од кого ја наследила убавината.
Познатата актерка е идентична со нејзината баба – тие имаат исти црти на лицето, форма на глава, усни, нос и очи.
– Мојата прекрасна баба – напиша Џесика во описот на фотографијата, а обожавателите велат дека бабата и внуката изгледаат како близначки.
Ѕвездата ги коментираше добрите гени во семејството и се заблагодари на нејзината баба за одлична фигура по породувањето.
Баба ми беше прекрасна. Ја носеше облеката што ја имаше пред да роди пет деца – рече актерката во 2011 година.
Познати личности во последно време објавуваа фотографии од своите баби и дедовци и со тоа сакаат да им оддадат почит на Интернет. Кога Џесика објави фотографија од нејзината баба Изабела на дваесетина години, објавата стана вирална.
Нејзината баба има мексиканско потекло, а во едно интервју пред 4 години актерката изјави:
– Растејќи во Калифорнија во куќата на баба ми опкружена со тетки, чичковци и сите мои роднини, секогаш чувствував подлабока врска со моите мексиканско-американски корени. Секоја генерација на семејството на татко ми имала неверојатно различно искуство, кое имало огромно влијание врз нашата американска историја. Драго ми е што видов колкава промена можеме да видиме за толку кратко време, рече тогаш Алба.
– Повеќето луѓе велат дека изгледам како баба ми Изабел Мартинез, a вистината е дека наследив многу од неа. Таа направи повеќе од она што се очекуваше од жените од нејзината генерација – таа го водеше бизнисот, му помагаше на семејството додека нејзиниот сопруг одеше на училиште и воспитуваше генерации деца и внуци во нејзиниот дом. Таа е мојата икона на снаодливост, одлучност и сила. Во основа, таа беше легенда – заклучи Џесика Алба.