Во Либија почна размена на затворениците помеѓу ривалските групи

Од:

Во Либија денеска почна размена на затворениците помеѓу ривалските групи, што е дел од Договорот за примирје потпишано пред два месеца со посредство на Обединети нации.

Размената на првата група затвореници под надзор на заедничкиот воен одбор денеска е организирана во југозападното село ал Швајриф, соопшти Мисијата на ОН за поддршка на Либија (УНСМИЛ).

Судирите во Либија почнаа во 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт.

Силите на генерал Калифа Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати. Меѓународно признаената Влада на Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња.

Владата во Триполи е признаена од ОН,а има и поддршка од Турција и од Катар, силите на Хафтарт имаат поддршка од Обединети Арапски Емирати, Јордан, Египет и Русија. Во судирите во Либија учествуваа и голем број странски борци од Сирија, Судан и од Чад.

Примирјето постигнато во октомври под покровителство на Обединети нации им овозможи на политичките ривали да се вратат на преговарачката маса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски