Јахјага не го сака мебелот набавен од Пацоли: Земи си го или ќе го однесеме во магцин

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага, на најезиниот претходник, а сега актуелен вицепремиер Беџет Пацоли, му даде рок од три дена да си го земе мебелот од претседателскиот кабинет. Во спротивно истиот ќе биде однесен во магацин.

– Канцеларијата на косовската претседателка Атифете Јахјага конечно ќе добие нов мебел, по што нема да остане ништо од она што го донесе Пацоли, објави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

Јахјага бара од Пацоли да си го земе мебелот од кабинетот зашто во спротивно тој ќе биде однесен во депо.

– По домашните медиуми изјавувате дека сте оставиле мебел. Ве информираме дека за тоа вашите сорабтници не оставиле соодветна документација за вредноста на мебелот, се наведува во писмото до Пацоли.

Потоа писмото добива карактер на наредба.

– Канцеларијата на претседателката на Република Косово ве известува во рок од три дена да си го земете мебелот. По овој рок истиот ќе биде однесен во соодветен магазин, се посочува во писмото од 27 мај до кабинетот на потпретседателот на Владата Пацоли.

Дали „наредбата“ е реализирана или не косовските медиуми немаат инфирмации. Пацоли, е еден од најбогатите Албанци во светот, откако беше избран за претседател на Косово, на 22 февруари 2011, претседателскиот кабинет со свои лични средства го опреми со најсовремен мебел.

Тој на функцијата беше нешто повеќе од еден месец. Поднесе оставка на 31 март, откако Уставниот суд на Косово одлучи дека за време на неговиот избор, во Собранието била прекршена процедурата, бидејќи немало противкандидат и задолжителните две третини пратеници во првите два круга од гласањето.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска