Тимовите на Белград и на Приштина за примена на бриселскиот договор се согласија за размена на офицери за врска, објави Танјуг.
Дводневните разговори меѓу тимовите на Белград и на Приштина за имплементација на договорот од 19 април, како и за прашањата поврзани со електричната енергија, телекомуникациите, судството и полицијата завршија денеска во Брисел.
Српската новинска агенција наведува дека размената на офицери за врска, според акциониот план, треба да биде објавен до средина на јуни, а како датум на размена се спомнува 17 јуни.
За прашањата за телекомуникациите и за електричната енергија разговорите највероватно ќе продолжат следната недела.