Нов Зеланд е единствената земја во светот што досега целосно го елиминираше вирусот корона.
Според премиерката Џасинда Ардерн, оваа цел е постигната од амбиција, но и од страв, бидејќи уште на почетокот на пандемијата, беше заклучено дека здравствениот систем нема да може да се справи со прогресивната епидемија, пренесе АП.
Одговорот на Нов Зеланд на појавата на Kовид-19 и пандемијата беше меѓу најуспешните во светот, пред Кина, Тајван и Тајланд.
Оваа земја со пет милиони жители има само 25 смртни случаи кај ковид пациенти и вкупно 2.100 заразени.