Борис Тадиќ во Баку изрази загриженост за зачувување на културното и историското наследство на Косово.
Според него под итно е потребно да се разговара на овие прашања во меѓународната заедница.
Поранешниот претседател на Србија во разговор со генералниот директор на УНЕСКО, Ирин Боков изрази загриженост што бриселскиот договор не третира ваква заштита.
Според него историското и културното наследство може да биде загрозено, поради фактот што актуелниот договор во Брисел не се занимава со ова прашање.
Тадиќ денес и утре во Азербеџан учествува на светскиот форум за интеркултурен дијалог.
Елена Георгиевска