Афричката држава Танзанија ја призна независноста на Косово, денес соопшти заменикот на премиерот на Косово, Беџет Пацоли.
Пацоли наведе дека признавањето е резултат на голем труд и неговите чести патувања во афричката држава.
Во владата на Косово, Пацоли е задолжен за лобирање за признавање независност.
Според податоците на сајтот „Косово ти благодарам“, досега Косово го признаа 98 држави.
Елена Георгиевска