Косовската опозиција ја обвинува Приштина за „дополнителни отстапки“ кон Белград

Од:

Косовскиот пратеник Глаук Коњуфца од редовите на опозициското движење „Самопределување“ денеска ја обвини Владата на Косово дека со планот за спроведување на бриселскиот Договор продолжува со дополнителни отстапки кон Белград, јави Анадолија.

Договорот со Србија гарантира контрола над Заедницата на српски општини во северниот дел на Косово, легализација на илегалните структури, како и поделба на судството со посебен дел за Северот. Но, планот за спроведување бара амнестија за сите вработени во криминалните белградски структури, изјави Коњуфца, во своето обраќање пред Собранието.

– Каква победа е тоа? На кого може таков Договор да му изгледа како победа, запраша Коњуфца, додавајќи дека Договорот е „капитулантски по суверенитетот на Косово“ и може да му изгледа како победа само на оној што „лично има проблеми со корупцијата“.

Сметам дека некој во Косово, со цел да си обезбеди долговечност на власт, по продажбата на косовските богатства и постојаните отстапки кон Србија, почна да ги продава и своите другари. Сега сме во фаза на продажба на другарите, бидејќи ништо друго не остана непродадено, истакна Коњуфца.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска