Видете ја реакцијата на новинарот и екипата кога ќе се појави човекот по кого претходните 15 часови се трагаше низ целата област.
Норм Каркос, водител на американската ТВ станица WMTM, за 22 годнии новинарска кариера не доживеал вакво нешто- додека го правел прилогот за исчезнатиот човек покрај него по улицата помина господинот чие исчезнување беше пријавено.
Роберт МекДоноу (72) претходните 15 часа го барале полицајци со кучиња, хеликоптери и спасувачи.
– Фрлив поглед кон него и помислив:„Невозможно дека тоа е тој“. Човекот продолжи да оди кон гаражата, а потоа се врати и ни се обрати“, раскажува водителот за незаборавната случка.
МекДоноу, кој страда од деменција бил во стабилна состојба, имал мали исекотини по лактот, а набрзо по него дојде семејството кое го идентификуваше и го однесе дома.
„Тајмингот е се“, рече водителот после среќниот крај на приказната за исчезнатиот човек.