Сенатот го усвои буџетот за одбрана на САД, речиси 400 пати повеќе пари за вселенските сили

Од:

Американскиот Сенат денеска го усвои буџетот за одбрана на САД во висина од 740.5 милијарди долари за фискалната 2021 година, која започна на 1 октомври.

Според Министерството за одбрана, буџетот годинава доделува 15.4 милијарди долари за вселенските програми на САД, за разлика од само 40 милиони доделени лани. За модернизација на нуклеарните сили се издвоени речиси 29 милијарди долари, а за воено-воздушните и воено-морските сили, 57 милијарди долари и 32 милијарди долари соодветно.

Според текстот на нацрт-законот, меѓу другото, предвидени се и санкции за Турција поради набавката на рускиот ракетен систем С-400. Потоа, се предвидуваат мерки против компании вклучени во изградбата на рускиот гасовод „Северен поток-2“.

Претседателот Доналд Трамп претходно се закани дека ќе стави вето на законот поради отсуството во текстот на точката 230 од друг закон, „За запазување на пристојност во средствата за комуникации“, според кој интернет компаниите од своите веб-страни можат да бришат податоци што ги сметаат за недозволиви, навредливи или екстремистички по нивен увид и да немаат одговорност за тоа.

Тој имаше забелешки и за тоа што постои ограничување на „преместување“ на парите меѓу воените органи за да се финансира изградбата на ѕидот, како и тоа зошто базите имаат надлежност да одлучат за нивно преименување ако носат назив на историски фигури од Конфедерацијата.

Претставничкиот дом го усвои законот со двотретинско мнозинство, па Трамп не може да стави вето на него. Законот стапува во сила по потпишувањето од претседателот.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски