ВИДЕО: Повторно насилни протести во Тирана, ангажирани 1.500 полицајци

Од:

Вечерва во Тирана и во многу градови во Албанија повторно беа одржани протести за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец.

Протестите во Тирана, кои се одржуваат по трет ден, уште од самиот почеток се карактеризираа со насилно однесување на учесниците, со фрлање тврди предмети врз полициските службеници, објектите на Министерството за внатрешни работи и Владата, но и на други државни институции.

Но, полицијата веднаш интервенираше со солзавец и водени топови, па насобраните се разотидоа многу побрзо од претходните денови, оставајќи пустош зад нив. Искршени се киосци, голем дел од новогодишното украсување и други јавни објекти во центарот на градот.

На терен беа распоредени 1.500 полициски службеници, двојно повеќе од вчера, побројни беа и цистерните со вода и блиндираните возила.

По оставката на министерот за внатрешни работи, Сандер Лешај, сега протестантите бараат реформи во државната полиција и оставка од генералниот директор на полицијата Арди Велиу.

Во останатите градови во земјата главно млади маршираа со запалени свеќи во раце.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата