Во Брисел денеска за првпат ќе се сретнат тимовите за имплементација на договорот меѓу Белград и Приштина додека паралелно ќе се води и експертски дијалог за електричната енергија и телекомуникациите.
Белградскиот тим го предводи шефот на владината канцеларија за Косово и Метохија Александар Вулин, кој е и претседател на Одборот за импелементација на договорот кој на 19 април беше потпишан во Брисел.
Паралелено со разговорите за имплементација ќе се води и технички дијалог за електричната енергија и телекомуникациите. Премиерот на Србија Ивица Дачиќ вчера во ЕП изјави дека бриселскиот договор ќе биде во целост спроведен, а рокот за постигнување финален договор за струјата и телефонијата – до средината на јуни, јави Тајнуг.