Шестмина осомничени симпатизери на индонезиската исламска религиозна група Ризиек Шихаб се убиени денеска во судири со полицијата, изјави началникот на полицијата Фадил Имран.
-До судирот дошло малку време по полноќ на автопат, кога бил нападнат полицискиот автомобил што ја следел верската група, по што започнало пукање, додаде Фадил, пренесен од британските медиуми.
Полицијата ја следела верската група заради кршење на здравствените протоколи за време на пандемијата по големите собири поради враќањето на Махмуд Ризиек Шихаб (55) од Саудиска Арабија.
Шихаб е радикален исламски верник, кој го предводи Исламскиот фронт за одбрана (ФПИ), конзервативна исламска група која стана политички влијателна претходните години, а потоа ја напушти Индонезија во 2017 година, бидејќи се соочи со обвинувања за порнографија и навреди против државната политика.
Кога слета на аеродромот во Џакарта, десетици илјади лица отишле да го видат, игнорирајќи ги мерките за ограничување против коронавирусот, обидувајќи се да му ја бакнат раката.