Четириесет и четиригодишен инженер од Италија вчера пред да се обеси во својот стан, во Кастро оставил писмо во кое му порачал на поранешниот премиер Силвио Берлускони да се грижи за неговото семејство, за петгодишната ќерка и бремената сопруга.
Во писмото им се извинил на сите, бидејќи како што напишал не бил добар во својата работа и не знаел да направи проект за новата куќа, во која што требало да се всели со семејството.
Тој напишал дека од секогаш бил на страната на Берлускони поради што го замолил да се грижи за неговите жена и деца, бидејќи немал доверба во институциите.
Телото го пронашла неговата сестра, откако успеала да влезе во станот.
Инженерот бил познат и почитуван, не бил политички активист, иако се знаело дека е страстен приврзаник на Берлускони.
Елена Георгиевска