ЕУ би сакала и Косово да учествува на Самитот на ПСЈИЕ

Од:

Европската унија би сакала и Косово да учествува на Самитот на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што ќе се одржи на 1 јуни во Охрид, изјави денеска за Танјуг шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Венсан Дежер.

Српското Министерство за надворешни работи вчера објави дека Косово не е покането на Самитот во Охрид на барање на Србија и две други земји-членки на ПСЈИЕ, кои се повикуваат на статутот на организацијата што предвидува на Самитот да учествуваат единствено суверени и признати држави.

Дежер во однос на изјавата на косовскиот претседател Атифете Јахјага дека барањето е во спротивност со постигнатиот договор во Брисел за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, нагласи дека „реално гледано“ тој договор не влијае на ПСЈИЕ.

– Сепак во името на евопскиот дух, во вака позитивен момент како што е постигнувањето на договорот, би сакале да видиме дека Косово исто така е вклучено, бидејќи ПСЈИЕ на одреден начин дава политичка насока на регионалната соработка, истакна Дежер.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска