Дежер: ЕУ е охрабрена од решението за примена на договорот

Од:

Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Венсан Дежер денес истакна дека ЕУ е охрабрена од тоа што Белград и Приштина успеаја да се договорат за примена на бриселското решение.

-Тоа е важен чекор, кој го очекувавме. Охрабрени сме со фактот што Белград и Приштина се договорија за примена-истакна тој.

Според него сега е неопходно да се примени договорот.

-Нема да чекаме, туку веќе работиме на тоа-додаде Дежер и нагласи дека се формирани повеќе оперативни тимови, а ќе бидат именувани и регионални команданти кои што се важни за безбедноста и сигурноста на северот на Косово.

-Охрабрени сме од волјата и посветеноста на двете страни, кои работат на решавање на прашањата-изјави тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска