Бугаринот Неделко Карев доживеа шок во живот кога телефонски закажал средба со проститутка.
Карев е работник во магацин, додека неговата сопруга Наѓа работи како касиерка. Пред една година му рекла да оди на курс по англиски, а всушност „тезгарела“ како проститутка. Се подоцна доаѓала дома, а тој се чувствувал се позапоставен. Утеха прво побарал во порнофилмовите и интернет страниците за возрасни, а потоа одлучил да се „почести“.
Во весниците нашол оглас за „масажа“, договорил средба со проститутка и се согласил да плати 150 евра. Средбата е договорена во еден хотел, но кога во договореното време ја отворил вратата ја здогледал Наѓа.
Сопругата признала дека сакала дополнителни пари и дека една пријателка ја вовела во светот на ескорт-дамите, а потоа и проституцијата, пишува бугарскиот печат.
Сличен случај се случил пред една година во Нигерија, само што кај оженениот маж во договореното време се појавила неговата ќерка.