Дрецун: Не очекувам Србите од Косово да прават проблем

Од:

Претседателот на собранискиот одбор за Косово, Милован Дрецун денес изјави дека Приштина може да прави проблем за примена на бриселскиот договор, а не и Србите од Косово.

Според него тие може да постават прашања за степенот на нивното учество во примена на договорот и бројот на оние кои ќе учествуваат во тој процес.

Главната пречка, според Дрецун е отстранета, со што на Србите им е загарантирано правото на документи, државјанство и дипломи.

Претседателот на собранискиот одбор за Косово нагласи дека е добро што заедницата на српските општини ќе има и правна гаранција.

-Она што е договорено ќе се реализира, а поинтензивни ќе бидат преговорите и за останатите теми-најави тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски