Ештон: Планот не го прејудицира статусот на Косово

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ја поздрави одлуката на Белград и Приштина да го усвојат планот за примена на договорот за нормализација на односите и нагласи дека со тоа не се прејудицира статусот на Косово, јави Танјуг.

– Примената на планот треба да ги реши проблемите на терен и да обезбеди забрзан напредок на Србија и Косово кон ЕУ, рече Ештон.

– Тоа е чекор напред во дијалогот Белград-Приштина со кој не се прејудицираат ставовите на двете страни за статусот на Косово, додаде Ештон.

Таа им оддаде почит на двете страни во дијалогот и додаде дека личното ангажирање на премиерот Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи и во иднина ќе биде неопходно за да се примени договорот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска