Одбележување на 20-годишнината од формирањето на Хашкиот трибунал

Од:

Во Хаг денеска се одбележува 20-годишнината од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија кој е основан на 25 мај 1993 година, со резолуцијата 827 на Советот за безбедност на ОН.

На свеченоста ќе присуствува холандскиот крал Вилем-Александер и високи претставници на Трибуналот. Ќе говори претседателот на судот Теодор Мерон, главниот обвинител Серж Брамерц и секретарот Џон Хокинг.

На првиот дел од свеченоста во главното фоаје на Трибуналот ќе присутвуваат и високи претставници на ОН и на холандските власти.

Во вториот дел од свеченоста во Атриумот на Градската куќа во Хаг, ќе биде отворена изложба за историјата на трибуналот и неговите најголеми достигнувања, за две децении постоење.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска