Компјутер на Apple 1 од 1976 година, еден од само шест такви компјутери кои се уште функционираат, продаден е на аукција во Гермaнија за 500.000 евра.
Apple 1 е еден од првите 50 компјутери кои ги направија основачите на компанијата Стив Џобс и Стив Вознијак, учејќи го занаетот во гаражата на родителите на Џобс.
Компјутерот кој има матична плоча со потпис на Вознијак, го купил неименуван бизнисмен од Азија. Со него добил и оригинален монитор, тастатура и документи кои ги потпишал починатиот Стив Џобс.
Лани, исто така на аукција, беше продаден уште еден ваков компјутер по цена од 490.000 евра.
Инаку, вкупно направени се 200 Apple 1 компјутери. Останати се 46, а од нив само 6 се во функција.