ВИДЕО: Македонија загуби од Ерменија на Кипар и останува во Лигата Ц

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Ерменија со 1-0 на стадионот „ГСП“ во Никозија и остана на второто место во групата од Лигата Ц. Не ја исполни мисијата за пласман во Лига Б, а таму патува токму селекцијата на Ерменија која заврши како првопласирана на табелата со 11 бода. Поранешниот фудбалер на Вардар, Хофханес Хамбарџумјан, беше стрелец на победничкиот гол за Ерменците во 55 минута.

Oткако беше проигран по десната страна, се одлучи на удар од 15 метри, топката мина крај Шишковски кој му појде во пресрет да го скрати аголот, а не успеа пред гол-линијата да спаси и стоперскиот тандем Велковски – Муслиу. Ерменија поведе со 1-0 во 55.минута од мечот. Ривалот постигна погодок, а имаше едвај тројца фудбалери како закана кон нашиот гол.

Селекторот Игор Ангеловски направи неколку замени, ги уфрли во игра Мицевски и Дориев, како и Китановски на местото на Ристовски кој се пожали на повреда.

Во 79.минута, уште една грешка во одбраната на Македонија, Камо Хофханисјан излезе сам пред Шишковски, но нашиот голман успеа да спаси удвојување на водството бранејќи рефлексно со нога.

Македонија со преполовен состав, до крајот немаше напаѓачки капацитет и сили да стигне до израмнување и доживеа минимален пораз. Тоа ја остава во Лигата Ц и следниот циклус од ова натпреварување.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

Македонија забележа победа над Малта од 0-2

Македонија во атрактивна група: Италија, Англија, Украина и Малта се ривалите за ЕВРО 2024

Горан Наумовски

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он