Четири месеци по интервенцијата против бунтовниците во северниот дел на Мали, Франиција ги повлекува своите војници.
Конвој камиони денеска ја напуштија воената база кај главниот град Бомако и се упати кон Брегот на Слоновата Коска. Тенковите и околопните возила засега ќе останат во северно Мали.
Франција почна со повлекувањето на некои од своите 4 000 војници во април, а за безбедноста на земјата треба да се грижи армијата на Мали и мировните сили на Обединетите нации, кои ќе бидат распоредени во земјата во јули, пред одржувањето на изборите.
Во Мали има уште 38 000 француски војници, а планирано е до септември нивниот број да се намали на 2 000, а до крајот на годината до илјада. Мировните сили на ОН ќе бидат составени од 11 200 војници и 1 440 полицајци.
Мали е поранешна француска колонија.