Шпански град на духови стана еко село

Од:

Доколку за некого звучи како утопипја еден напуштен средновековен град да се изгради одново, и притоа да се реализираат своите идеали за самоодржливост и еко-систем во рамки на населеното место, за екипата која во ’80-те години го насели ова напуштено место тоа беше предизвик кој беа решени да го реализираат.

Екипа големи сонувачи одлучија да го направат тоа со напуштеното место во планините од северна Навара и да го претворат во вистинско населено место во кое се афирмира еколошкиот принцип на живеење и самоодржливост на социјалната и економска средина.

На почетокот од овој нивни потфат, никој од екипата немаше ниту основно познавање за рурален живот и начин на одгледување храна. Живееја скудно, без електрична енергија, на свеќи, но беа посветени и одлучни во намерата да успеа.

Денес, ова еко-село произведува сопствена електрична енергија, преку ветерници, соларни панели и водени турбини. Исто така, има список на луѓе кои бараат и чекаат да се населат таму, но Моге вели дека не е решение тие да се придружат кон нешто кое е веќе создадено, туку да се обидат да направат нешто слично, на друго место, од самиот почеток.

Во Шпанија денес има десетици вакви еко-села, повеќето изградени од пепелта на средновековните напуштени градови. Еве ја видео приказната за споменатото село.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска