Некласичната бајка за љубовта на двајца принцови ги запознава децата со хомосексуалната тематика

Од:

Нивните погледи се сретнаа и двајцата знаеја дека е тоа љубов на прв поглед, се вели во детската сликовница „Принцот и принцот“ на холандската писателка Линда де Хаан, која деновиве е објавена и на чешки јазик.

И покрај приказната на чешката писателка Маркета Пилатова за едно дете со две мајки, која беше објавена минатата година, ова се смета за едно од првите детски изданија во која темата е љубов на хомосексуална двојка, јави дописникот на МИА од Прага.

Бајката, започнува на класичен начин. Си бил еднаш еден принц кого кралството го подготвувало за женидба. Се собрале прекрасни принцези, се среќавале со него, но кралското срце никако да биде освоено. Се додека не ја здогледал последната принцеза, до која стоел нејзиниот брат и љубовта се случила.

Ова е кратката содржина на бајката, која предизвикува различни реакции, особено кај родителите на децата за кои е наменета. Едни сметаат дека е рано, на децата да им се предочува врската на истополови двојки, а другите немаат ништо против тоа.

– Денешниот свет е разновиден и природно е дека се објавуваат публикации со разни тематики. Родителот може, но не мора да ја искористи книгата, вели психологот Јарослав Штурма.

Тој смета дека „Принцот и принцот“ е средство кое помага кај детето да се развие толеранција, без родителите да се плашат дека кај него ќе се наруши неговата претстава за традиционалниот модел на семејство.

– Со оглед на тоа што хомофобијата се отсликува во зрелата возраст, но потекнува уште од детството, родителите треба да зборуваат за тоа со децата, додава психологот.

Штурма оценува дека приказните се слика на реалниот живот и децата секако може и во училиште да сретнат примери кога некое нивно другарче има две мајки или двајца татковци.

Претставници на невладините организации сметаат дека ваквите изданија можат да го „урнат митот дека геј љубовта е нешто ненормално и несекојдневно“ особено поради фактот што во Чешка е официјализирано регистрираното партнерство меѓу истополови двојки.

Приказната на писателката Хаан има и продолжување, насловено како „Принцот и неговото семејство“, каде авторката ја отвора темата за посвојување на деца од страна на хомосексуални парови. Во оваа бајка тоа е остварливо и семејството на принцот живее среќно се до смртта.

Би можело да ве интересира

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

По 10-годишна пауза во главниот град на Естонија се одржи геј парада

Ана Ололовска

Германскиот Бундестаг ги легализираше истополовите бракови

Ана Ололовска

Меркел подготвува терен за истополови бракови во Германија

Ана Ололовска

Сириски бегалец-хомосексуалец обезглавен во Турција

Емир Латифовиќ