Плановите за изградба на вештачки остров во „Дубаи стил“, вреден 1,5 милијарда евра, предизвика бес кај жителите на Каталонија. Островот, според планот, треба да има „вселенски“ хотел со првиот на светот „спа центар со нулта гравитација“.
Барањето за градежна дозвола минатата недела му беше предадено на градското собрание. На островот треба да се наоѓа и шопинг центар со целодневно работно време, пристаниште и приватни станови. Некои од становите би можеле да бидат достапни и за изнајмувањее и тоа по цена од неверојатни 20.000 евра неделно.
Меѓутоа, урбанистите тврдат дека плановите не се во согласност со политиката на градот. Градоначалникот на Барселона, Хавијер Тријас, изјави дека „ градот нема ни потреба, ни желба да учествува во проект од овој вид“.
-Ние смо град на културата, знаењето, креативноста, иновациите и нашиот развој оди по сосема поинаков пат. Немаме намера од Барселона да правиме спектакл, рече тој.
Хотелот, според планот, има 2.000 соби во кои преноќувањето ќе чини од 300 до 1.500 евра. Американскиот конзорциум „Мобилона“, што стои зад проектот, планира да направи уште два „вселенски“ хотели во Лос Анџелес и во Хонг Конг.
Вкупната вредност на овие градби ќе изнесува околу шест милијарди долари.