Неоженетите мажи во ’30-те години од животот имаат најдобри шанси да ги добијат сите поволности за време на патувањето со авион, покажуваат резултатите од едно истражување, спроведено меѓу авионските екипажи.
Според профилот на патниците, кој е составен врз основа на одговорите на 700 стјуардеси, среќниот човек исто така би требало да биде елегантно облечен, што ќе му ги зголеми шансите да добие пошироко седиште и место во повисоката класа.
Иако истражувањето покажа дека мажите се сметаат за „попожелни патници“ (58 отсто за мажите во однос на 42 проценти за жените) и оти тоа е старосната група меѓу 30 и 40 години, на патниците кои патуваат сами речиси секогаш им се понудени „премиум“ седишта.
Убавите манири и почестото летање исто така можат да помогнат да се добие некој вид на бенефиција на летот, а истражувањето покажало дека и деловните луѓе имаат мошне добри шанси да добијат место „зад завесите на економската класа“, додека младите жени, кои патуваат во групи имаат најмалку шанси за добивање на некоја од бенефициите.
Истражувањето, кое го спроведе вебстраницата „Скајскенер“ опфати 83 земји, а резултатите покажаа дека речиси 72 отсто од летачкиот персонал искажале некој вид на наклонетост кон машките патници, кои летаат сами.
Болеста и некоја повреда исто така ги зголемува шансите за добивање на одредени бенефиции.
Топ 10 начини како на летот да добиете некои бенефиции:
1. Бидете пристојни и пријателски расположени
2. Земете ја програмата за летање
3. Патувајте сами
4. Соопштете дека сте повредени или дека имате некој здравствен проблем
5. Облечете се пристојно
6. Кажете дека сте на „меден месец“
7. Запознајте го екипажот
8. Патувајте во туристички непопуларно време
9. Раскажете му на екипажот некоја интересна приказна
10. Изгледајте најдобро што можете – една третина од екипажот изјавиле дека би му понудиле бенефиции на патникот кој изгледа негувано и атрактивно.