Младите се повеќе се откажуваат од Фејсбук сметајќи го за „напорен“

Од:

Судејќи според студиите на Центарот за истражување „Пју“, популарноста на Фејсбук кај неговите најверни корисници, младите, почнува да опаѓа, пишува „Хафингтон Пост“.

Во истражувањето се тврди дека ентузијазмот кај корисниците на социјалната мрежа Фејсбук се повеќе слабее. Ова особено важи за младите, кои Фејсбук се повеќе го чувствуваат „општествен товар“, се тврди во студијата.

– Наместо забава, Фејсбук стана императив, наведува „Хафингтон Пост“.

Сепак, тинејџерите не се откажуваат од социјалните мрежи, туку од Фејсбук полека преминуваат на Твитер и Инстаграм, а полека во живот се враќа и МајСпејс.

Како причини за ваквиот тренд тинејџерите го наведуваат тоа што Фејсбук „станал преполн со родители, непотребни социјални драми и здодевни пријатели кои делат апсолутно се“.

– Искрено, секогаш сум на Фејсбук, но ужасно ми оди на нерви, изјави една 15-годишна девојка која била опфатена со истражувањето.

Според студијата, 58 отсто од корисниците на Фејсбук блокирале одредени луѓе и „бришеле“ пријатели, 39 проценти лажеле за своите години, а 17 отсто од тинејџерите добиле разни непримерни пораки од непознати.

Сепак, и покрај ваквите анализи, компанијата Фејсбук не пројавува загриженост.

– Младите се најактивнитр корисници на Фејсбук и многу сме задоволни, соопшти компанијата.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он