Еден ноќен клуб во Шкотска е под истрага откако локалните новини обелоденија дека во неговиот женски тоалет има проѕирно огледало.
Не сомневајќи се во ништо девојките се средуваат пред огледало, додека од другата страна се наоѓа приватна соба која овозможува „поглед на тоалетот“.
Приказната ја објави весникот „Скотиш Сандеј Експрес“, кој тврди дека социјалните мрежи се полни со фотографии на кои мажи позираат пред огледалото, а жените кои го користат тоалетот се гледаат во позадина.
Некои од посетителките на клубот беа многу гневни по објавувањето на приказната.
– Не можам да поверувам дека тоа го направиле, ова е напад на приватноста, изјавави една од гневните жени.
Клубот тврди дека влез во споменатата „соба со поглед“ чини илјада евра на вечер и дека не е достапна за мажи.
Сепак, фотографиите објавени на социјалните мрежи го говорат спротивното.
На својата службена Фејсбук страница, клубот се огласи со тврдење дека огледалото е „забавен начин на запознавање“, но дека ќе ги отстранат ако посетителите инсистираат на тоа.