Москва пред Нова година почнува со масовна вакцинација против Ковид-19

Од:

Во главниот град на Русија, каде што е регистрирана најголема стапка на ширење на коронавирусот во земјата, за два месеца ќе започне масовна вакцинација, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

– Ќе почнеме со масовна вакцинација на населението во декември-јануари, истакна градоначалникот. Тој нагласи дека речиси 10.000 луѓе се хоспитализирани во Москва со Ковид-19, од кои околу илјада се приклучени на респиратори.

„Тоа е многу голем број, рече Собјанин.

Сепак, градоначалникот истакна дека ќе биде „неприфатливо и невозможно“ градот да се врати на пролетните карантински мерки кои ја уништија неговата економија. Оптимална стратегија е да се најде средно решение меѓу „затворањето и целосното напуштање на рестриктивните мерки”, додаде Собјанин. Тој потврди дека во текот на последната недела имало знаци дека ширењето на инфекцијата е ставено под контрола, додавајќи дека 40 отсто помалку луѓе користат јавен превоз.

Русија е на четвртото место во светот според вкупниот број на заразени со коронавирусот, со околу 1,4 милиони инфицирани. Таа е првата земја која разви и одобри вакцина против Ковид-19, во август.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте