Блекбери претстави евтин смартфон Ку 5

Од:

Блекбери претстави нов евтин смартфон Ку 5, наменет првенствено за пазарите во развој. Смартфонот Ку 5 го користи новиот оперативен систем Блекбери 10, а на пазарите во Европа, Азија и Латинска Америка ќе се најде во јули. Се очекува да биде поевтин од моделите Ку 10 и Зет 10.

Компанијата не објави детална спецификација и цена за телефонот на конференцијата Блекбери Лајв во Орландо. Познато е само дека телефонот ќе биде достапен во црна, бела, црвена и розeва боја.

Моделот Ку 5 има физичка Квертутастатура и 3,1 инчен екран осетлив на допир.

– Блекбери го нуди најдоброто со својот оперативен систем Блекбери 10 и Квартутастатурата.

Јасно ни е значењето на тоа уредите да одговараат за сите пазар и потреби на корисниците. Ку5 е лесен и тенок мобилен телефон со високи перформанси, изјави директорот и претседателот на Блекбери , Торстен Хајнс.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска