Најмалку 33 лица загинаа, а 12 се водат за исчезнати откако поројни дождови го зафатија јужниот дел на Кина, соопштија денеска кинеските власт.
Невреме проследено со силни ветрови од вторникот зафати девет кинески провинции, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.
Најтешко погодена е провинцијата Гуангдонг, каде загинаа 19 лица, а 11 се сметаат за исчезнати, соопшти кинеското министерство за цивилни прашања.
Метеоролошката служба вчера објави дека во некои области за девет часа наврнале над 20 сантиметри дожд. Според прогнозите дождот ќе продолжи и во следните неколку дена.