Против Наваз Шариф поднесени обвиненија за бунт

Од:

Пакистанската полиција денеска поднесе обвиненија за бунт против поранешниот премиер Наваз Шариф и членови на неговата партија неколку дена пред закажаните митинзи на опозицијата со цел уривање на Владата.

Полицијата во источниот град Лахоре ги регистрираше обвиненијата против Шариф, неговата ќерка Маријам Наваз и повеќе од 40 други лидери на партијата Пакистанска муслиманска лига Наваз (ПМЛ-Н).

– Наваз Шариф, осудено лице, злоупотребува институции и ги провоцира масите да се побунат против армијата и Владата преку неговите говори од Лондон, соопшти полицијата.

Шариф исто така е обвинет за заговор против земјата и обид за оцрнување на Пакистан како „лажна држава“.

Шариф издржуваше затворска казна под обвинение за корупција, но на 70-годишниот поранешен лидер му беше одобрена кауција врз медицинска основа и минатиот ноември отпатува на итно лекување во Велика Британија.

– Обвиненијата за бунт не можат да го запрат движењето на опозицијата за обновување на демократијата во земјата, изјави портпаролот на ПМЛ-Н, Маријум Аурангзеб – кој исто така е обвинет.

Пакистанското демократско движење (ПДМ), алијанса на опозициски партии, планира низа митинзи и протести што ќе започнат овој месец, со цел уривање на Владата на премиерот Имран Кан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица