Катарските сопственици на Пари Сен-Жермен подготвиле понуда за напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо која изнесува 18 милиони евра годишна плата и 100 милиони евра за „Кралскиот клуб“, јавуваат француските медиуми.
Роналдо со Реал Мадрид има актуелен договор до 2015 година. Тој во некоклу наврати изминатата сезона изјавуваше дека во Мадрид не е среќен, што беше протолкувано како сигурно негово заминување по крајот на сезоната.
Но, пред неполн месец, по турбуленциите на тренерот Мурињо со дел од играчите, Роналдо излезе со став дека не му е грижа за Мурињо, туку единствено му е важен Реал Мадрид.
Околу трансферот на Роналдо во Париз се поврзуваше и комбинацијата сегашниот тренер на новите француски шампиони, Италијанецот Карло Анчелоти да седне на тренерското место во Реал, а за возврат оштетата за Роналдо што би ја платил ПСЖ да биде значително помала.