Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани кариерата ќе ја продолжи во француската Лига 1.
Дваесет и шестгодишниот Италијанец му се приклучи на Рен на една сезона на позајмица.
Претходно беше објавено дека зделката ќе биде извршена за 1,5-2 милиони евра, францускиот тим нема да има опција да го откупи играчот.
Минатата сезона, Ругани одигра 10 натпревари за Јувентус во Серија А.