Талал Шакерчи преку ден е тајкун, основач на ивестициски фондови и дарежлив филантроп. Кога ќе падне ноќта, тој е милионер и редовен посетител на најголемите покерски игри во Европа.
Изминатиот викенд тој се осмели да седна зад иста маса со големи играчи, но изгубил 850.000 фунти (1.300.000 долари) за една ноќ. Шакерчи беше еден од шестмината играчи кои платиле 500.000 евра за учество во неофицијалното финале на Европскиот покер турнир во Монако.
Својот пат до играње со високи влогови Шакерчи го започнал од хоби пред пет години на турнирите со повеќе маси.
За тоа време ја усовршувал тактиката и освоил над милион фунти. Но и покрај очигледниот талент, среќата го напушти во саботата. Во првите два часа изгубил 500.000 евра, а потоа вложил уште 750.000 евра и се вратил повторно во игра. До крајот на турнирот изгубил 850.000 евра, тври „Дејли мирор“, а Шакерчи одби да коментира.