Средношколецот Џеф Блис во моментов ужива во своите пет минути слава откако снимката на неговиот говор упатен до неговбата неименувана невнимателна професорка стана хит на ЈуТјуб.
Овој средношколец од Тексас на овој начин стана гласот на сите сегашни и поранешни ученици кои кога и да било имале чувство дека нивните професори застанале пред учениците само за да добијат пари, не грижејќи се за тоа што тие всушност некогаш ќе научат и неземајќи ги предвид реакциите на своите ученици, проучувајќи како врз нив влијае информацијата што се обидуваат да им ја пренесат, пренесува Интернешенел Бизнис Тајмс.
Џеф Блис ја критикуваше својата (неименувана) професорка бидејќи смета дека не ја работи својата работа како што треба.
-Кога само би станале и им објасните, место да им делите проклети пакети. Овде има деца кои едноставно не можат така да учат, потребна им е интеракција лице во лице. Морате оваа работа да ја сфатите сериозно, ова е иднината на нашата нација, кажа ова момче меѓудругото, а тоа беше сосема доволно од него да се направи нов херој на ЈуТјуб.