Постојат причини зошто не може да се избегнат големите групи туристи во подножјето на Ајфеловата кула. Не само што станува збор за една од најпознатите туристички дестинации во Франција, туку, судејќи според податоците на Светската банка, Франција воедно е и најпосетена земја во светот.
Светската банка собра податоци за речиси секоја земја во светот, пред се сметајќи ја секоја личност, која посетила некоја земја за турист, доколку во прашање не е деловно патување.
Освен Франција, која го зазеде првото место со 81,5 милиони посетители во 2011 година, на листата се наоѓаат и САД со 62,7 милиони туристи и Кина со 57,6 милиони туристи.
Следува листата на десетте најпосетувани земји во светот:
1. Франција
2. САД
3. Кина
4. Шпанија
5. Италија
6. Турција
7. Велика Британија
8. Германија
9. Русија
10. Малезија.