Најнеобичната туристичка реклама на светот

Од:

Ако козатa на коњ ви кажува дека одморот треба да го минете на најисточниот дел на Северна Америка, тогаш Њуфаунленд и Лабрадор треба да се подготват за навалица од туристи.

Провинцијата која до сега беше познати како место на кое Сонцето прво излегува, сега ќе биде позната по нешто сосема поинакво – најнеобичната туристичка реклама што е позната до денеска.

Во прашање е видео што прикажува како една мала коза јава бел коњ.

Најдобрата работа во целата реклама е фактот дека сето ова не е наместено, туку е во прашање нешто што навистина се случува во оваа провинција со нешто повеќе од 500.000 жители.

-Додека тимот беше на пат да го снима брегот, забележал коза на коњ крај патот. Запреле и се запрашале дали е тоа што го гледаат навистина реално. Истиот момент знаеле дека овој призор најдобро ја прикажува единственоста на првинцијата, изјави министерот за туризам на Њуфаунленд, Тери Френч.

Овој необичен призор веќе беше забележен во 2011 година, но идејата тој да го промовира туризмот на регионот тогаш била одбиена.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска