Luvaglio, производител на луксузни компјутери од Лондон, конечно пушти во продажба екстравагантен лаптоп вреден милион долари.
Во него се комбинирани комфор и функционалност, а лаптопот задржал свои првобитни технички карактеристики – 17 инчи екран, 128 ГБ простор на хард-диск, Блу-реј читач, УСБ и МП3 плеер.
Сепак наместо вообичаени маски и боја, производителот им нуди на купувачите да одберат драг камен вклучувајќи и дијамант кој функционира и како копче за покренување и исклучување на компјутерот како и систем за идентификација на корисникот. Компјутерот поседува и интегриран уред за чистење на екранот.