Одбојкарите на Вардар се нови шампиони на Македонија, откако синоќа во Струмица со 3:1 во сетови ја совладаа истоимената домашна екипа.
Во мајсторката од финалето на плеј-офот „црвено-црните“ по загубениот прв сет со 25:23, успеаја да ја наметнат својата игра и да направат комплетен пресврт. Ги добија следните два сета со 25:18 и 25:20. Во четвртиот сет струмичани водеа со 23:18, но Вардар направи серија од 6 поени и потоа на разлика со 26:24 го освои сетот и титулата.
Одбојкарите на Вардар оваа сезона ја освоија двојната круна, а ова е за нив втора титула првак на Македонија освоена по пауза од 20 години (1993 година).
Вардар има еден шампионски пехар и во поранешна Југославија.