Велосипедска тура за спортисти со попреченост

Од:

Триесетина спортисти со физичка и интелектуална попреченост учествуваа на велосипедската тура за спортисти со попреченост што се одржа во Преспа.

Турата ја организираше Здружението на граѓани за адаптивни спортови и рехабилитација „Рекреакција“ во соработка со Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“, Здружението на граѓани со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Здружението „Преспа Бајк – Ресен“.

Настанот е дел од проектот „Спорт за сите“, што се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од страна на Европската Унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации.

Во рамки на проектот беа организирани и обуки за пливање со Наташа Мешковска, за кајак со Аднан Рамадан, за нуркање со Игор Трајаноски, за новинари со Зоран Иванов, за јога со Ивана Батев, за скијање со Јане Стефанов и за медицински персонал со Маја Улк.

– Целта на овој проект е да ги поттикне лицата со попреченост да ги осознаат своите можности и да градат капацитети на самостојни и самоуверени личности, кои ќе дадат придонес кон градењето на инклузивно општество, во кое сите ќе бидат еднакви во остварување на своите права, а од  друга страна со учеството на лица без попреченост преку директна комуникација ќе можат да ги запознаат можностите но и потребите на лицата со  попреченост за тоа како и  во кои ситуации можат да им понудат помош. За тоа каков треба да биде односот кон овие лица, како и тоа дека е нужна потребата од известување во медиумите за лицата со  попреченост со почит и разбирање за нивните успеси и квалитети, наспроти пристапот на милосрдие и сожалување, велат организаторите.

Би можело да ве интересира

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он