Три нови случаи на заразени фудбалери со коронавирус се регистрирани во Пари Сен Жермен, објави францускиот клуб на Твитер.
Во пораката се вели дека играчите следат медицински протокол, имињата на заразените не се откриваат.
Во средата стана јасно дека тројца играчи на ПСЖ се позитивни на Ковид-19. Според медиумите, станува збор за Нејмар, Анхел ди Марија и Леандро Паредес.
На 10 септември, парижаните гостуваат кај Ленс во натпревар од првото коло на шампионатот. Според правилата на лигата, тренинзите на екипите мора да бидат откажани доколку некој клуб има четири позитивни тестови, а можни се и одложувања на натпреварите.