Од 2 до 5 септември во Трпејца по трет пат ќе се одржи уметничка колонија

Од:

Организаторот, здружението „За Трпејца со љубов“ најавува дружба на неколку уметници од Охрид и Скопје.

– Идејата ни беше како и минатата година и оваа во Трпејца да организираме Меѓународен уметнички камп, но Ковид -19 ни ги смена плановите, сепак не успеа да ја одложи колонијата, таа ќе го задржи континуитетот, вели уметникот Ѓоко Симјаноски, кој по трет пат ќе учествува и годинава ќе раководи со колонијата.

Трпејца е повеќе од податливо место за инспирација и уметност а на листатата на учесници покрај Симјаноски се и: Наташа Попоска – Карче и Хава Реџепи, обете од Охрид и Ристо Андреев и Горан Јованов од Скопје.

Со силна поддршка за колонијата свое симболично, но драгоцено учество ќе имаат и познатите уметници Ставре Димитров – Стадим и Живко Поповски – Цветин кои со децении се дел од слични уметнички колонии ширум земјава.

Традиционално – уметниците ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“ а ќе се дружат и со мештаните.

Уметничката колонија и годинава ќе се одржи под покровителство и со финансиска поддршка на Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска